Чадиев побара помалку гласна музика од кафетериите

Петар Печков

Неодамна градоначалникот Чадиев, имал средба со сопствениците на кафетериите  долж улицата Благој Ѓорев.   Тој ги повикал  а состанокот бил со цел надминување на проблемите кои се јавуваат со гласната музика, која доаѓа од овие угостителски објекти.  Средбата ја потврди градоначалникот и доаѓа по  реакциите на станарите од соседните згради. 

Разговарав со  сопствениците на кафулињата, не на дуќаните. Целта беше да се надминат проблемите кои са јавуваат а состанокот беше одржан по реакциите на станарите. Ги презентирав барањата на граѓаните сопствениците ветија дека ќе се држат   до куќниот ред.  Мислам дека ќе ги регулираме работите на задоволство на сите.  Тоа е центар на градот и дење и ноќе, тука имаме станари, имаме ученици од блиските  училиште и потребно е разбирање. Мислам дека овој  состанок  ги дава први резултати -  рече градоначалникот Чадиев.

Средбата доаѓа откако  станарите писмено реагирале до   Министерството за животна  средина, жалејќи   се  на гласната  музика.    Од  таму информираа дека  за овој случај тие  ги препратиле  до   локалната власт, во чија  надлежност  е решавањето  на овој проблем.  Дел  од станарите  пак го запознале  и  Хелсиншкиот кометите  за човекови права.

Тие бараат доследно да  се  почитува ,,Правилникот за гранични вредности за нивото на бучава во животна средина,, . Според овој  Правилник нивото на  бучава  преку ден и вечер  е 35  а ноќе е  30 децибели.  Станарите  за овој проблем реагираат со години.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати