Украински туристи, додека ноќевале во комбето, кај Градско ограбени

Петар Печков

Ноќта петокот кон саботата, туристи од Украина, кои заминувале кон Грција биле опљачкани, додека спиеле. Сторителите непознати, познато што се им е украдено. МВР со повеќе информации.

На  14.07.2018 година во 09,00 часот во Полициска станица Велес, Р.Л.(38) од Украина пријавил дека ноќта околу 3 ч. на бензинска пумпа во близина на Градско, додека бил паркиран и одмарал во неговото комбе „Рено Трафик“ со национална ознака на Украина, од страна на непознат сторител одземена му е чанта во која имало две патни исправи, неколку платежни картици, 1,500 евра и други документи- соопштија од МВР. 

Најавуваат дека полицијата  презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати