Сообраќајка на четири коли на автопатот, со тројца повредени

Петар Печков

Во четвртокот вечер  година околу  20.10 часот на Магистралниот пат А1 кај село Градец,  на делницата од Демир Капија до Удово, се случила сообраќајна незгода помеѓу четири  автомобили.

Според МВР во сообраќајката   учестувале  „Спарк“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(39) од Неготино,  автомобил „Фиат Дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Д. (29) од Гевгелија,  автомобил  „Рено Клио“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.Л. (34) од Градско и автомобил „Ауди А3“ со дипломатски регистарски ознаки, управувано од П.И. (35) од Р.Грција, со престојувалилште во Скопје.  

Во незгодата со повреди се здобиле сопатниците во возилата: Т.Ц., Т.С и италијанската државјанка М.К.П., на кои им била укажана лекарска помош во Општата болница Велес и им биле констатирани телесни повреди, по што биле пуштени на домашно лекување. Сообраќајот бил во прекин од 20.40 до 23.00 часот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати