Се затемни Мало мовче и споменикот на Гемиџиите

Петар Печков

 Вчеравечер во Велес се затемни Малото мовче и споменикот на Гемиџиите. ова беше во рамките на светската волонтерска кација ,,Час за спас на планетата Змеја,,. Во овие 60 минути околу  седум илјади градови од 163 земји  затемнија дел од нивните простори.  Оваа акција за прв пат се случи и во Велес.

Значајно е тоа што оваа група средношколци успеа да ја разбуди свеста кај граѓаните. Пресреќни сме што дадовме свој допринос кон заштитата на планетата Земја од климатските промени, но и допринесовме кон сопствената и иднината на останатите - вели Руска Мицева професорка во средното хемиско училиште Димитрие Чупоски, чија еко секција ја спроведе акцијата.  Таа и учениците се  благодарни кој  нашите сограѓани кои значат нешто во севкупното јавно живеење и ја поддржаа акцијата. 

Климатските промени не познаваат географски граници, народи, религии, богатство или сиромаштија, нации. Последиците од истите ги чувствуваме сите. Затоа ги повикуваме граѓаните и во иднина да не поддржуваат и секојдневно да делуваат на сите полиња во заштитата и заштедата на електрична енергија, водата, воздухот, шумите и почвата - велат учениците од е ко секцијата при Хемиското училиште. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати