Пукна цевка повреди вработен во ЈКП Дервен

Петар Печков

Стравотна експлозија во четвртокот пред полноќ ви вознемири жителите на центарот  на градот. При инцидентот  има и еден повреден. Настанот се случи околу 23 часто, кога вработени поправаа дефект на водоводната инсталација пред некогашна НА-МА. 

Незгодата се случила при поправка на дефект на водоводна линија на ул. Илинденска. Откако дефектот бил отстранет, работниците пуштиле вода во цевката по што цевката пукнала и вработениот Г.Н. бил полесно повреден во пределот на лицето и рацете. По укажаната лекарска помош истиот е пуштен на домашно лекување – информираа од ЈКП Дервен. 

 Експлозијата се слушнала и од спротива, од станарите што живеат близу до мостот Гемиџии. Соседите веднаш истрчале од нивните домови.,

Се слушна страшна експлозија, не знаевме за –што станува збор. Истрчавме од дворот, каде седевме  си пријатели.  Од шанецот излезе млад човек, целиот беше со земја, вода и крвав. Бргу дојдоа доктори до Итната помош и го преврзаа по што го префрлија до Болница – вели очевиден на настанот. 

 На хируршкото одделение при Општа Болница Велес, повредениот бил згрижен, сошиен со неколку конци на повредата на челото а вечерта останал таму. Подоцна бил пуштен на домашно лекување, оти немал тешки повреди.   

Поради дефектот на водоводната мрежа и негово отстранување, жителите  од околните згради немаа вода 16 часови. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати