Понеделник премиера на детската претстава ,,Црвенкапа,,

Петар Печков

Понеделник на пладне премиерно ќе биде изведена најновата продукција на велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, наменета за деца.  Тоа  е современа адаптација на добро познатата сказна за Црвенкапа и лошиот волк и истата е наменета за деца и младинци. Адаптацијата е на Сашо Димоски режијата на Деан Дамјановски. Ова е театарска продукција која е наменета за децана возраст од 4 до 12 години, и е работена по високо професионални креативни, кадровски и технички услови кои ги нуди новата сцена на театарот.

Претставата покрај комичниот и забавен елемент, има и едукативен карактер, правејќи јасна споредба помеѓу безбедноста на градот наспроти опасностите на шумата, нагласувајќи ја презафатеноста на родителите и преокупираноста на децата со мобилните телефони, но и потребата од консумирање на здрава храна - велат од театарот.  

Сценографијата за претставата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева, а автор на музиката е Сашко Костов. Во претставата настапуваат актерите: Славица Манаскова како Црвенкапа, Кети Борисовска како Мајката, Весна Димитрова Бобевски како Бабата, Васил Зафирчев како Волкот и Самоил Стојановски како Ловецот.

Следната изведба на претставата е во четврток, на 21-ви март, а ќе следуваат уште неколку изведби со организирана посета за децата од градинките и основните училишта во Велес, по што претставата ќе биде ставена и на редовниот репертоар на театарот со изведби наменети за слободна продажба.

,,Црвенкапа,, е работена од средства на велешки театар. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати