Повторно настрада моторист, тешко е повреден

Петар Печков

Четвртокот  15 јуни  во 17.15 часот на регионалниот пат Демир Капија – село Миравци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мицубиши Лансер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С. (30) од Демир Капија и мотоцикл „Пежо“ без регистарски ознаки, управуван од Б.Ш. (53) од  Демир Капија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се стекнал Б.Ш., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Здравствен дом Неготино, од каде по укажаната медицинска помош бил препратен во Јавна здравствена установа Велес, каде е задржан на понатамошно лекување, информираа од МВР.

loading...

Поврзани »

loading...

Дежурство на аптеките (ЈУНИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каква е Вашата куповна моќ (на домаќинствата)?

  • го туркам цел месец
  • едвај сврзувам ден со ден
  • имаме за плаќање на давачките и храната и толку
  • работам, а не можам да истуркам една седмица
  • одлична, има за се
  • лоша
Резултати