Пациентите разочарани, вакцината која се плаќаше 650 денари заврши за три часа

Петар Печков

Сите 450 вакцини  кои чинат 650 денари  во Велес се потрошија за  три часа. Пациенти уште од 5 часот утрово чекале пред врати на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) за да бидат вакцинирани  и заштитени од грип. За разлика од тоа бесплатни вакцини има и за нив има далеку  помал интерес,  информираа од ЦЈЗ Велес.  

Имаше голема навалица за вакцинација,  а која се наплатува. Сите 450 вакцини се потрошија за три часа. Толку беа набавени  согласно ланскиот интерес и бројот на заболени лица од грип во минатата година. Бесплатни вакцини има и за нив има помал интерес - изјави  Тони Димитриев директор на ЦЈЗ Велес.  

Објаснува дека имало случаи кога пациенти не сакале да добијат бесплатна вакцина, иако им следувало, оти имало многу административни обврски, посета на матичниот доктор, запишување во ,,мој термин,, па им било поедноставено да платат 650 денари.  Иако таа лани чинеше помалку - 400 денари, годинава беше поскапа, ја снема за неколку часа.

Претпладнево  околу 11ч. кога отидов да примам вакцина против грип, не мало изненадување  на врата пишуваше дека нема повеќе ,,вакцини за пари,,. Уште првиот ден да снема, ова не се памти. Требало повеќе вакцини да порачаат. И како јас да се заштитам од грипот а имам здравствени проблеми и работам со луѓе - вели велешанец кој уште првиот ден наишол на разочарување дека вакцини повеќе нема.

Лани ЦЈЗ доби 800 вакцини за кои се плаќаше по  400 денари и завршија за осум дена. Вакцинацијата се препорачува за лица со хронични болести и со намален имунитет, или лица кои имаа контакт со странки и граѓани, за лицата со кардиоваскуларни и респираторни заболувања.  Бесплатната вакцинација која е новост годинава, се дава на лица над 65-годишна возраст и кои се со помала пензија од просечната или се без пензија.

Министерот за здравство Венко Филипче при најавата за вакцинација кажа дека  разговараат со производителот  да обезбедат и дополнителни вакцини, но неизвесно е дали ќе ги набават оти ,,производителот однапред планира колкава количина ќе произведе“.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати