Павлина Кошевац од Радовиш со прва награда од ,,Велешки книжевни средби,,

Петар Печков

Клубот на писатели„ Коста Солев Рацин“ од  Велес годинава за прв пат ја организираше манифестацијата „Велешки книжевни средби„. На неа се дебатираше на трибина именувана  „Љубовта мотив во поезијата“, на која учествуваа 20-тина автори од повеќе градови од Македонија. Се доделија и наградите  од  литературниот конкурс за необјавена збирка поезија,  на слободна тема.

 Првата награда ја доби „ Јас боемика,  јас боите “ на  Павлина Кошевац од Радовиш, втора награда за „ Некаде помеѓу“ од  Дончо Мишовски од  Скопје и трета за „ Бесмртно“  од  Слаѓана Брезовска од Гостивар. Наде Ефремова со поетскиот ракопис „ Раѓањето на песната“ од  Кочани е наградена со признанието најмлад учесник, таа е деветто одделение. Славјанка Љуткова од Велес со поетскиот ракопис„ Молитвеник“е наградена со специјална награда.

Жири комисија составена од  поетите Десанка Николова, Стојан Арсиќ и Лила Арсова го изврши изборот на наградените  кој според нив  не бил ни малку  лесен, бидејќи сите  стигнати ракописи биле квалитетни. 

Наградата ме изненади но и ми значи, бидејќи секое признание го вреднува вложениот труд. Јас овие песни ги чував од 1975-та година и дојде време сега да конкурирам – изјави Павлина Кошевац, која е пензионирана професорка по македонски јазик и цел работен век го минала во просвета. Како награда,на сите добитници на признанија,  нивните стихозбирки организаторот Клубот на писатели „ Коста Солев Рацин“ се обврза да ги отпечати.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати