Отпишан долг за јавно осветлување на 83 лица од Велес

Петар Печков

Советот на општина Велес донесе одлука за еднократен отпис на долгови на граѓаните, кои се однесуват по основ на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување. Одлуката беше донесена едногласно од сите 21 присутен советник.

Таа е во Согласност на  Законот за еднократно отпишување на долговите на граѓаните. Единицата на локалната самоуправа, конкретно општина Велес,  донесува акт за отпис на долгот по основ на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување.

По донесувањето на оваа одлука истата се доставува до должникот и до ЕВН Македонија. Претходно граѓаните кои спаѓаат во оваа социјално ранлива  група, доставиле барање до Владата, надлежатна комисија го разгледала и пренела на Советот на Општина Велес, која го усвои.

Со оваа одлука се опфтени 83 лица од територијата на Општина Велес. Висината на долгот се движи од 48 денари до 8.200 денари. Вкупната вредност на отпишаниот долг за јавно осветлување  е 235.600 денари.  Или во просек секој од должниците имал долг кон ЕВН за јавно осветлување од 2.600 денари. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати