Овој месец доаѓа балетот и театар Комедија

Петар Печков

На 15-ти гостува театар Комедија со ,,За секого по една“, според текст на    Венко Андоновски  а во режија на  Владлен Александров. Улогите ги толкуваат: Зорица Стојановска, Роберт Вељановски, Атанас Атанасовски, Филип Трајковиќ, Ердоан Максут, Роберт Ристов, Нина Деан, Едмонд Сотир, Крсте Јовановски, Валентин Костадиновски, Жарко Димоски, Илија Илиоски,Катерина Шехтанска-Лаковска. „За секого има по една“е црна комедија за изгубен покојник на градските гробишта. Драма со ликови кои го познаваат покојникот и случајно затекнати лица што го комплицираат дејството.  

Следниот ден е претставата „Ќелавата пејачка“ на „Театар 007“., во режија на Игор Ивковиќ работена според текстот на Ежен Јонеску.  улоги: Ангела Наумоска, Филип Кипровски, Јана Пауноска, Дарко Богески, Илина Матеска, Фаик Мефаилоски За 18 мај е најавена премиерата на  велешкиот театар  ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,  за „Крал Иби“ .

 На 22-ри мај е гостувањето на Македонскиот балет со  ,,14 часа“ . Ова е современо балетско дело, кое низ синџир од 12 сцени, ги разработува женско-машките односи, преку ликовите на Лили и Марк. Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров, костимите на Александар Ношпал, а режијата и либретото на Наташа Поплавска. Играат: Алексадра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Ангела Велевска, Васил Чичијашвили (Грузија), Бобан Ковачевски, Игор Велановски, Јан Кисилев, Агим Бафтии и Трајче Стојковски.

 За крајот на мај на 30-ти ,се најавени ,,Маша и медо“ театарска претстава за деца - Продукција „Сцена“ и ИК „Култура“  а тој викенд 29-ти и 30-ти  во салата ан театарот, ќе се одржи и Државниот  фестивал на аматерски филм.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати