Новите чекални на железничките станици без столици за патниците

Петар Печков

Реконструираната железничка станица и во Велес и во Чашка ги имаат најмодерните и најсовремени средства за работа.  Имаат ладење и греење, чекални, посебен влез во зградата и на пероните за лица со посебни потреби, електронски информатори за пристугнувањето на возовите, за возниот ред. На се се мислело, но не е така идеално.  Чекалните се празни, немаат столици за седење за патниците. 

Така е на сите реконструирани железнички станици, оти со проектот на ЕУ не беше предвидено поставување на столици. Правиме напори да ги набавиме, обезбедиме со сопствени средства.  Не е убаво што патниците ќе стојат, иако има разглас, греење, ладење - рече Петар Спасовски помошник директор за правни работи при МЖ   Инфраструктура.

За ова забелешка имаше и вицепремиерот во Владата, за економски прашања Кочо Анѓушев, кој побара од раководството на МЖ   да го реши што поскоро. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати