На Велигден им ја украл колата, ја возел и ја искршил

Петар Печков

Семејство од населба Чашка, велешко  остана без автомобил откако  малолетник им го украл на Велигден. Кражбата се случила во неделата околу 9,30 часот претпладне.

Автомобилот ,,форд мондо,,  бил паркиран пред семејната куќа кого крадецот  го украл  додека семејството било дома.   По неколку часовно трагање автомобилот бил пронајден во ендек, близу населбата сериозно оштетен.

Полицијата го потврди настанот со тоа што малолетниот крадец ноќта на Велигден извршил тешка кражба на маркетот ,,Зага,, во населба Чашка.

Крадецот е фатен и лишен од слобода а во населбата важи за лице кое има криминално досие и покрај тоа што  имало 17 години.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати