Надлежните уверуваат работат улиците во градот да се исчистат од снегот

Петар Печков

ЈКП Дервен работи максимално за да се овозможи нормално живеење во градот, на минусни температури и наноси од снег. Ова го вели директорот на велешките комуналци, одговарајќи што тие преземаат за градот да има слободни улици.   Дури е сменето и работното време, за да се излезе во пресрет на граѓаните.  

Работиме по програмата за чистење во зимски услови.  Се   обидуваме   освен главните  улици да  ги оспособиме и тие во високите  делови на градот. Тие се доста стрмни затоа на тракторите им ставивме ланци на тркалата за да може што повисоко да се искачат. Тоа го правиме  секојдневно а од ден во ден условите се менуваат. Има нови врнежи , воведовме ново работно време од 9 - до 16ч.  за да има поголем ефект. Се постила ризла, која подобро делува има подобар ефект  наместо солта која влијае до минус  5-6   степени – изјави Фиданчо Цековски директор н аЈКП Дервен.       

 Тој одговори и каква е состојбата со водоснабдувањето, а по бројните поплаки од граѓаните‘, за одделни делови дека немаат со денови вода во нивните домови.  

 Водоводната мрежа е целосно во функција.  Има случаи каде има замрзнати цевки во домови и   објекти, таму  каде нема греење, но тоа е индивидуално. Немаме некој голем дефект. Препорака е да се остават чешмите да течат но малку, не во млазови или да овозможат некакво греење за мрежата  - вели Цековски.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати