Михајловски тргна на велосипед од Велес за Брисел

Петар Печков

 

Велешанецот Ване Михајловски утрово во три часот,  со велосипед тргна од Велес за Брисел,  на патување кое го нарече ,,За Европска Македонија,,. Тој со ова патување, кое треба да трае 18 дена, испраќа две пораки.  

 Имав рак, бев опериран и сакам на болните да им порачам дека животот продолжува, не треба да се предаваат. Сакам да ги мотивирам да продолжат да се борат, да не клекнуваат. Втората е со возењето од срцето на Македонија - Велес, во срцето на Европа - Брисел,  да дадам поддршка за референдумот за Европска Македонија - рече Михајловски. Тој за овие денови кој ќе ги мине на велосипед, сам без придружба треба да извози  2.179 км.

Можеби до Брисел ќе стигнам за 15 дена. Очекувам мирно небо, да нема ветер или ако го има да биде во грб. Ќе возам од три часот до 11 претпладне, тоа е најдобро за една рута - додаде Михајловски. 

Финансиска поддршка за ова возење добил од Далибор од Супер 5-ка и логистичка од Министерството за надворешни работи.  Михајловски (57 год) е планинар, љубител на возење со велосипед. За  патувањето до Брисел активно се подготвувал последните два месеци и смета дека кондиционо и психички е подготвен.   Во Велес се враќа на 26 септември, но авионски. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати