Лани во велешко собрани 4.044 крвни единици

Петар Печков

И мината година крводарителите од  велешко, заедно со општините Градско и Чашка, покажаа висока хуманост.  За 12 месеци во одделението за трансфузиона медицина собрани беа 4.044 шишиња или планот е  реализиран со  217,3 отсто, било предвидено да се соберат 1.861.  

Од тоа 1357 крвни единици се собрани од крводарителски акции. Годинава почна со една таква, кога и покрај -15 степени,  71  велешанец даруваше крв.

Од Општинската  организација на Црен крст потенцираат дека се задоволни што има голем број млади крводарители, што покажува дека и во иднина градот ќе има лица кои несебично ќе ја подадат раката, кога е најпотребно.

За споредба во 2015-та беа собрани рекордни 4.377 крвни единици.   Најголема бројка на собрани крвни единици е во 1989-тата година кога во велешко имало 4.622 крвни единици, со која бројка беа  во врвот во Југославија. Година дена претходно  имало 4.549, 1987-ма 4.273 а во 1986-та  4.243 единици.   Ова се должи на тогаш големиот број вработени но и војници од ЈНА.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати