Коцевски го доби клучот на градот од Чадиев

Петар Печков

На свеченост одржана  во Големата  сала на  Општина Велес, досегашниот градоначалник  Славчо Чадиев му го предаде клучот на градот на новиот Аце Коцевски. 

Изразувам благодарност до сите граѓани на Општина Велес кои  неделата излегоа на изборите, особено до тие што гласот го дадоа за мене, ветувам нема да  ги изневерам а тие што не го дадоа со работа  ќе ги убедам дека згрешиле.    Функцијата градоначалник ќе ја извршувам чесно, одговорно, со голема љубов и посветеност а средства ќе ги трошам наменски, според утврдените приоритет. И пак да ја вратам Општина Велес во врвот на најдобрите во Македонија. И да биде општина со нула корупција. Ми се јавија  неколку донатори, кои поради моето име сакаат Велес да го вклучат во проекти на Светска банка. Им ветив на граѓаните дека во овој мандат ќе ставам нагласок на други работи, за разлика од претходните. Порачувам дека во  наредните  4 години ќе бидат високите зони од градот,  периферните  делови на градот,  селските населени места бидејќи сите заслужуваат нормални услови за живот. И тие се жители на општината. Исто така лицата со посебни потреби да гледаат во мене нивен заштитник, како и за  жртвите на семејно насилство    – порача Аце Коцевски новиот градоначалник на Велес.

Тој оваа функција ја вршеше во   два мандати  претходно, од 2000-та до 2009-та.     На досегашниот градоначалник Чадиев му порача дека секој почеток има и крај    и дека ,,вистинските пријателства се гледаат кога ќе заврши мандатот. Јас сум свесен за тоа и еднаш го преживеав,,.  

На примопредавањето присуствуваа  членовите на Општинска изборна комисија, вработени од локалната власт,  членови на претходниот и новиот  Совет и дел од изборната екипа  на победничката  СДСМ од  Велес.  Недостигаа  гости кои беа присутни на  претходните примопредавање, бизнис заедницата, раководството на државните институции.   Од новите советници не беше присутен носителот на листа на ВМРО_ДПМНЕ Алексадар Колев. 

Досегашниот градоначалник Славчо Чадиев  му го честиташе изборот на Коцевски и му посака да продолжи таму каде  што тој застанал.

За овие четири години не заборавив кој сум, од каде дојдов, каде припаѓам од времето кога бев претседавач на Советот до сега како градоначалник. Од новиот градоначалник очекувам да донесе економски напредок, придонесот за развој на Велес, нова инфраструктура, културен  развој. Во изменетиот период не беше лесно да  се работи со море од проблеми, да  се издвојат приоритетите, секој проблем на граѓаните  да му се даде значење и важност. Ветеното го исполнивме и надминавме повеќе пати.  Особено сум горд на поддршката која му ја дадовме на спортот  посебно ракометот.   Задоволен сум што од позицијата на градоначалник можев да придонесам  за  подобар живот на лицата со  попреченост.   Го оставам Велес како големо градилиште, во стопански подем, со позитивно салдо. Раководењето со општината во  овие  години беше тешко  оти имаше циклуси на  закажувања и одржување на парламентари избори   -   изјави Чадиев на неговото заминување. 

На  прашање со што ќе се гордее еден ден кога ќе шета низ градо а е негово дело, посочи дека се индустриската зона Караслари,а каде е фабриката Маркард.  Тој се заблагодари на соработката со Советот и на претседателот Александар Колев, но и на граѓаните кои му ја дадоа довербата пред 4,5 години и се надева дека ја оправдал.

Кажа дека ја остава општинската каса  на денешен ден со 17 милиони денари позитива и како што рече со тековни обврски, кои не  прецизираше колку изнесуваат.   Затоа пак новиот градоначалник Коцевски иако рече   дека на овој свечен чин тоа не е време да се бара анализа, но  најави ревизија на работењето на локалната власт и ЈКП  Дервен.  
На свеченоста   зборуваше и Петре Саздов како претставник на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ,,Иако го големи забелешки за изборниот процес , на самиот ден на гласање, ние од ВМРО-ДПМНЕ ја почитуваме волјата на граѓаните и  затоа упатувам честитки  до Аце Коцевски за добиената доверба од граѓаните  да ја предводи општината во наредните четири години,,.

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com