Комјутерскиот томограф во велешка Болница не работи осум месеци

Петар Печков

Апаратот за комјутерска томографија во Велешката Општа Болница   не работи од лани од септември. За овој период од осум месеци  пациентите  се препраќаат во други Болници па така тие мора да патуваат за да обезебдат потребна релевантна снимка.   Неговата поправка чини околу 60 илјади евра, средства кои институцијата  ги нема.

Сервисерите констатирале дека работните секунди  рентген цевката ги надминала. Такви три апарати набавени 2011-та во Македонија истовремено се расипаа во Охрид и Велес. Со ваква финансова кондиција како што е болницата, тоа сами не можат  да го решат.  Затоа се обратиле до министерот Филипче кој ветил дека апаратот ќе биде поправен и тие ќе ги сносат трошоците.

Зависи од сервисерот, дали тој дел - рентген цевката ја имаат или ќе мора да ја добијат од производителот ,,Сименс,, од странство.Тоа е сега прашање на време кога ќе биде поправен комјутерскиот томограф -  изјави  д-р  Димитар Стровјаноски.  

Комјутерскиот томограф беше набавен војуни  2011-тата година.                     

фото:архива

 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати