Исчистени четири диви депонии создадени од граѓаните

Петар Печков

ЈКП „Дервен“ во рамките на своите редовни активности секојдневно се соочува со мини депонии кои ги создаваат несовесни граѓани од шут, габаритен отпад, расфрлан комунален отпад покрај контејнерите за отпад. Општина Велес апелира до сите граѓани да постапуваат со отпадот во рамките на Законот за управување со отпад, да се воздржат од дејствија на оставање, напуштање, запалување и неконтролирано отстранување на отпад.

Согласно утврдените активности од Програмата за управување со отпад за 2018 година за чистење на диви депонии, Општина Велес спроведе активности за чистење на дивите депонии на неколку  локации: зелен појас Топилница, населено место Оризари (во непосредна близина на новите гробишта), рекреативен центар „Езеро Младост“, „Дервенски поток“ во непосредна близина на Градскиот пазар. Само заедно со грижа за животната средина можеме да го направиме Велес почисто и поубаво место за живеење - информираа од локалната власт.

Останува за чистење меѓу другото  градежниот шут фрлен кај вливот на Тополка во Вардар, близу мостот кај некогашниот ресторан Охохо. 

Општина Велес ги повикува граѓаните совесно да постапуваат со отпадот, во спротивно ќе започне да  применува казнени мерки согласно Законот. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати