Изложба ,,Космички пејзажи 3,,

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес,   вчеравечер беше   отворена изложба  на слики  на ликовниот уметник   Дејан Иванов Маргуш, од Скопје,  насловена КОСМИЧКИ ПЕЈЗАЖИ 3. Преку 22 слики,  тој донесува дел  од  неговиот свет.

Ова е  бегство од  брзиот ритам  на  живот,  кој го  нанесува  градот. Ова е имагинарен с вет  кој јас  го имам  ,  преку тие замислени пејзажи – изјави авторот Иванов, кому ова му е прво  претставување надвор од Скопје  со оваа изложба.  

Дипломирал на Факултет за ликовни уметности 2005година во класата на Јован Шумковски и Рубенс Корубин. Покрај сликарство се бави и со изработка на  витражи и мозаици. Член на ДЛУМ од 2005год. Има реализирано над 10 самостојни изложби и учествувано на повеќе групни изложби и колонии во земјата и странство.

Ова е нов циклус на  веќе познати дела на авторот  Иванов,   кој  се автентични за него. Негов  препознатлив стил е  комбинирана  техника с о  акрил, каде доработува  органски форми  и структури.  Доаѓа до една  завршна форма која секогаш е  впечатлива  и  интересна за  публиката. Тој работи неколку години,  на  оваа тема и  стил.   Маргуш спонтано ја продолжува неговата сликарска енформелска преокупација. Тој го гради неговиот ликовен свет на спонтан, силно импулсивно но сепак лирски изведен апстрактен пејзаж – рече промоторката     Елена Иванова -  кустос историчар на уметност.

Изложбата ќе биде поставена во наредните 10  дена.  Потоа ќе гостува во Кавадарци, Неготино и  Гевгелија.

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com