Изложба на Јана Манева Чуповска

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес беше отворена самостојна изложба на Јана Манева Чуповска, насловена ,,Портретирани сеќавања,,.  Изложбата која е нестандардна,  ја сочинуваат  еднобојни  цртежи изведени на хартиена  подлога и рачно изработени текстилни покривки за маса, фолклорни рачни плетени со еден конец, наречени миленца, изработени во техника на чипка, како и волнени покривачи јамболи. Цртежите се портрети, семејни фотографии, вметнати во кутии каде се заработени, како дел  од меморијата.

Старите традиционални текстилни фолклорни форми, од времето на ,,чеизите,, со рачно изработени милеа и покривки работени со една игла, кои во ова време на дигитална технологија се помалку ги има во нашите домови, се понудени на оваа изложба. Модерната уметност во своите потраги бара можност да се излезе од стандардните форми, редефинирајќи го предметот на уметноста и опфатот на нејзините граници, создавајќи уметничка креација во која се опфатени различни специфични креации. Авторката  нуди единствено визуелно доживување користејќи ја црно -белата фотографија и рачните изработки од конец, како инспирација на она што е подзаборавено, но сепак здржано во колективната меморија, прикажувајќи  го минатото на еден специфичен начин - изјави Елица Николова, директорка на Велешкиот музеј, отворајќи ја изложбата.

Јана Манева Чуповска дел од своето детство и младост, минала во Велес, живеејќи кај нејзината тетка Доста, во т.н. Егејски згради.   Во уметноста ја  вовела  токму таа,  тетка и Доста, која била шивачка. 

Изложбата која е   нестандардна  и одбележува еден период  од втората половина на 19 век, кога во градската мода и архитектура,  ваквите ентериерни решавања се многу значајни. Топол дом немало без овие ткаенини,  плетеници, миленца, која македонската жена  вредно ги работела. Како дизајн, други земји имаат поголем респект кон домашните ракотворби и рачна изработка, која далеку повеќе се почитува., Кај нас за жал таа изумира. На прсти се бројат жените домаќинки кои ова го работат  и кон кои се гледа во негативен контекст, оти тоа не било во мода - рече Јана Манева Чуповска.

Таа потајно очекувала дека на оваа изложба ќесе појават нејзините пријателки од детството и младоста  Вилма, Жаклина со која минала убави денови, со часови седлеа на скалилата од зградата,  но сето тоа  не се  случи и го дефинираше како ,,романтичарска желба,,. Авторката работи како декан и професор на Факултетот за арт и дизајн  при ЕУРМ Скопје.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати