Жито Вардар Груп доо Велес добил пари од државата, ама не ги исплатил вработените

Петар Печков

Веста дека одредени фирми, наспроти добиената финансиска помош од државата, парите не ги  исплатила на работниците ја крена јавноста во земјава.

И  Владата и синдикатите  се изненадени од тоа како некои работодавачи, сопственици  не је искористиле добиената финансиска помош за која аплицирале.Денес Владата ја објави листата.

Така ТВ Телма, која имаше и повеќе детали, објави дека велешки Жито Вардар ГРУП ДОО Велес  земал околу 37 илјади евра, за 17 вработени, или точно 227.386 денари но истите не ги уплатил на сметките на вработените. 

За појаснување Жито Вардар ГРУП ДОО Велес  е новиот правен субјект,  кој произлезе од  Жито Вардар АД Велес, кој отиде во стечај а скопска фирма го купи и  сега е сопственик на производството на леб, слатки и пецива.

На листата на фирми кои побарале и добиле финансиска помош, од велешко, објавена од Владата, но без детали за колку вработени и колку пари добиле, се и „Блеротранс„  ДООЕЛ  од Бузалково и ОЛИМПИА 2019 ДООЕЛ Велес.

Владата бара од  Обвинителството кривично да ги гони газдите. Тешко е дека работниците ќе ги добијат платите и за сега ќе останат со кратки ракави и ќе можат да ги добијат дури кога ќе завршат судските постапки. Или ако газдите се решат добиените пари сепак да им ги платат на работниците.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати