Ден без автомобили, европска кампања и во Велес

Петар Печков

,,Паметното движење – силна економија“ е пораката на годинешнава најголема европска кампања посветена на одржливата мобилност во урбаните средини, која имаше активност и во  Велес.  

Младите велосипедисти, ученици од  основните и  средни училишта од градот, како и граѓани кои се приклучија самоиницијативно, возеа  од Стар Мост  до манастирот Св. Димитрија и назад.  

Цел е  да се засили свеста за почесто движење без автомобили, возење на велосипеди и одење пеш. Исто така  да се  намали штетноста  од  штетните гасови во воздухот и  за почист воздух во Велес – рече Македонка Виларова од локалната власт,  која беше  организатор на  настанот .  

Еден  час беше затворена улицата  Димко Најдов, кај  Долни дуќани каде се одвиваше оваа акција 22 септември – Денот без автомобили. 

Кога секој од нас би направил макар и мала позитивна промена во секојдневните навики и изборот на начинот на транспорт, што  може да влијае врз обезбедување на почиста животна средина, намалена бучава, подобрено здравје, заштеден семеен, но и државен буџет- пишува во пораката од организаторите.

И додека  силно се пропагира возење велосипед, од друга страна со години ништо не се презема на апелите за обезбедување велосипедска патека низ градот и  надвор од него, па често тротоарите се  сообраќајниците за велосипедистите, во недостаток од за нив безбедна патека. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати