ДИК - Коцевски победник во првиот круг

Петар Печков

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија, но  не и конечни -партиите имаат право на жалба, победник на локалните избори за градоначалник на  Општина Велес е Аце Коцевски- кандидат на коалицијата на СДСМ.

По пребројаните 100 отсто, од сите 84  избирачки места тој освои  15.962 гласа или 53,51%, пред кандидатот  на коалицијата на  ВМРО-ДПМНЕ Славчо Чадиев со освоени  12.293 гласа или 41,21% а трет е кандидатот на   Народното движење за Македонија Гоце Чушков со  287 гласа или 1 процент. Регистрирани се  1.121 неважечко ливче. 

На кандидатски листи за советници најмногу гласови освои коалицијата  на  СДСМ со 14.357 гласа што е 48,13%  пред ВМРО-ДПМНЕ со освоени 12,339 гласа - 41,36%. Потоа следи Левица со 3,63%  со 1.084 гласа, па ДУИ со 439 гласа -1,47%,  Народно движење за Македонија со  186 гласа – 0,62 и Алијансата за Албанците со 75 гласа , што е 0,25%.  Регистрирани се 1.183 неважечки ливчиња.  

Во Општина Велес излегле да гласаат  64,12% или 29.832 граѓани со право на глас од запишани  46.612 лица. 

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com