Годинава децата на здравствена рехабилитација во втората половина на август

Петар Печков

И годинава  децата од  загадените животни средини од Македонија ќе одат на здравствена рехабилитација.   Тоа ќе се случи нешто подоцна, отколку претходните години.  Групата од Велес ќе брои  110.  Се уште не е познато каде тие ќе заминат на седумдневна  рехабилитација, оти постапката за избор е во тек.  

Рехабилитацијата годинава  ќе се реализира во втората половина на месец август.  Во тек е тендерска постапка  за сместување и за превоз децата. Согласно програмата сместување се бара на планина каде постојат одредени климатски и  природни услови кои обезбедуваат успешна климатска рехабилитација на децата. Местото на кое ќе бидат пратени децата ќе се знае по завршување на тендерската постапка и после изборот на најдобриот понудувач.– изјавија од Министерството за животна средина.

Рокот за пријавување на тендерот  е до 2 август. Министерството за животна средина и просторно планирање тринаесета година по ред во согласност со Годишната програма за работа, финансиски ја подржува активноста на  Друштвото на родители за грижа за здраво поколение од Велес за обезбедување на климатска рехабилитација на деца кои боледуваат од болести на респираторниот систем, анемии, алергии и слично како последица на историското индустриско загадување од повеќе општини и црни е ко точки  во земјава.  

До минатата година, здравствената рехабилитација се изведуваше на одморалиштето Пелистер,  кое годинава не работи, по што сега се бара нова локација. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати