Гевгеличанец доби 18 години затвор за педофилија

Петар Печков

Гевгеличанецот Иле Ангелов ( 28 год) доби 18 години завор за  педофилија. Тој во Основен суд Велес беше осуден за кривичното дело  „полов  напад врз дете кое не наполнило  14 години“.     

Според обвинението  делото го сторил  на 18 март 2017 година , кога со употреба на сила извршил полови дејствија врз малолетник од Гевгелија.  Бидејќи делото го сторил во два наврати, тој имаше две кривични пријави  по кои беше прогласен за виновен доби по 12 години затвор или во единствена од 18 години.

Ангелов не го признавал делото но судот од прибавените докази неспорно утврдил дека обвинетиот е сторител. До правосилноста на пресудата Ангелов останува во притвор.      

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати