ГРК Борец поразен во Битола од Еурофарм

Петар Печков

Во натпревар од  8-то коло на преј оф разигрувањето а титулата првак, во Битола   Работник Еурофарм  го победи   Борец од Велес со 29:23, (15:9).

Велешани единствено што повеле  само на стартот со 0:1 преку Давитковски, за потоа домашните ракометари да бидат постојано во водство.  Предводени од Филип Чурлевски, домаќините полувремето гол завршиле со разлика од 6 голови, 15:9.

Работник повел и со 17:10 во вториот дел, а ГРК  Борец се доближи на 20:17. Домашните ракометари со  нова серија водат со  23:17, предност која ја  задржаа до крајот за конечни 29:23. Најефикасен  кај  домашниот состав беше Филип Чурлевски со 7 голови,  а кај  велешкиот тим  Дарко Димитриевски со 8 и Зоран Стојановски со 6 голови.

По осум кола Борец и е последен-6-ти во оваа мини лига без ниту еден бод  а во следното коло, в  недела гостува на  Металург во Скопје.

Средата попладне  на Градски се одигра завршниот натпревар од Купот за зона, каде Борец по дождливото време,  високо го порази ФК Превалец со 7:0 . Така ФК Борец 1919 ќе игра во завршницата на фудбалскиот куп, меѓу 32-те екипи.   Натпреварите традиционално се играат  на почетокот на август.  

Познат е терминот  кога ќе се решава првакот на  Општинската фудбалска лига.   В недела на Градски, во 15ч. Бабуна како втор пласирана  го пречекува Илинден кој е лидер. Разликата е еден бод, така што на Башиноселци им  одговара  и нерешен резултат, додека мартолчани само   победа ги носи до пехарот.  Овие две екипи без оглед на резултатот обезбедија пласман во Тратата лига Југ, без квалификации.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати