Во тепачка на Рамина, настрада полицаец удрен со камен во глава

Петар Печков

Петокот попладне  околу 18.10 часот на ул. „Благој Страчковски“, во месноста Рамина, со камен во глава бил удрен полицаец, кој завршил во бессознание во Болница. МВР за настанот напиша:  при интервенција по претходно нарушен Јавен ред и мир во поголем обем,  полициски службеник од ПС ОН Велес од страна на непознато лице бил удрен со камен по главата. 

Полицискиот службеник забележал како непознатото лице се обидувало со каменот да удри друг полициски службеник. Со цел да го спречи непознатото лице во намерата полицискиот службеник го фатил за двете раце, но истото успеало да се оттргне и со каменот го удрило него во пределот на главата.

Полицискиот службеник изгубил свест, а лицето побегнало во непознат правец. На полицискиот службеник  му била укажана лекарска помош во Општа болница Велес, каде што му била констатирана телесна повреда  и е задржан на лекување. По преземените мерки и активности утврден бил идентитетот на лицето. Се работи за Б.З. (22) од Велес. СВР Велес презема мерки за  негово пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати