Во Велешко борба за мостовите на Вардар

Петар Печков

Локалните власти на Велес  и Градско како и Дирекцијата за заштита и спасување   се борат за спас на мостовите на реката Вардар, кои се во опасност поради наносите од високиот водостој. Мостовите кај Башино село, кај Ногаевци и Уланци се со  големи наноси на стебла, кои ја нарушуваат стабилноста.  Полицијата го регулира сообраќајот по нив.  

Мостот кај Башино село два дена  локалната власт од Велес го чисти  и  тој е прооден, со тоа што сообраќајот го регулира полиција заради механизацијата која е на мостот.  Мостот кај Уланци го исчистија од наноси од локалната самоуправа на Градско, додека мостот на Ногаевци го чистиме ние, бидејќи таму има големо количество дрвја, која нивните машини не се во можност да ги отстранат - велат од регионалната Дирекција за заштита и спасување во Велес.

Новиот мост на Ногаевци  пред неколку години  беше срушен токму од надојдениот Вардар.  Нивото на реката Вардар од неделата утро почнало осетно да се намалува.

Причината за надојдениот Вардар според надлежните е  реката Пчиња кој поради обилните врнежи во Јужна Србија, имала мошне висок водостој. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати