Алејата на великаните во Велес не е заборавена

Петар Печков

Две години од најавената Алеја на великаните во Велес а досега ништо за нејзината изведба. Таа требаше да биде лоцирана на Спомен Костурницата, каде треба да се постават спомениците на паднатите борци од НОБ од велешко.  Тие се наоѓаа на повеќе локации во Велес, но беа отстранети од јавните површини и згрижени, по серијата кражби на   бистите. Локалната власт одлучи во 2013-тата да се гради Алеја на великаните. Од таму велат дека тие не  ја заборавиле обврска а се чека  да заврши санацијата на Спомен Костурницата.

Ќе работиме  согласно петгодишниот план донесен од Советот за поставување на  споменици во општината. Таму се  влезени и тие споменици, кои беа отстранети поради  опасност од нивно оштетување или крадење. За да ја извршиме нашата обврска, чекаме да заврши санацијата на Спомен костурницата, потоа ќе продолжиме ние. Ќе направиме одлично место за прошетки и ќе го оживееме тој простор од левата страна на влезот во  градот - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.  

При санацијата конечно е пронајден дефектот кој неколку години го остави обој објект во темнина.  Освен што ќе треба да се осветли Спомен Костурницата, потребно е да се постави и наводнување за големата зелена површина во околината.

 Спомениците на паднатите велешки борци по иницијатива на Општинската организација на Сојузот Борците  од НОВ, Општина Велес  ги дислоцира 12  бистите од јавно -прометните површини во градот во летото 2012-та .Тие претходно беа мета на несовесни граѓани,  во Младинскиот парк, дворот на Гимназијата „Кочо Рацин“ и Паркот на Хероите, па  се отстранети и  времено  се депонирани во Спомен -костурницата. Бројни споменици на борците од НОБ преку ноќ исчезнаа од Велес изминатите дваесет години. Се крадеа за потоа да завршат во некои од откупните центри, како старо железо, други пак завршува во реката Вардар, едни се пронајдоа други не.

Меѓу овие 12 спомен бисти, Сојузот на Борците од Велес бара да се приклучат и бистите на Нонча Камишова, која е во дворот на некогашната фабрика Свилара а која сега нема допирни точки со неа, како и бистата на Васил Антевски Дрен која се наоѓа на истоимената железничка станица близу Богомила а која ја гледале малкумина патници.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати