Љубиша Георгиевски ја режира премиерата за новиот театар во Велес

Петар Печков

Љубиша Георгиевски ја режира премиерата на претставата  ,,Најважната работа ан светот,,  работена по текст ан  Братислав Димитров, која треба да биде прикажана во првата половина на декември.  Во неа учествува комплетниот ансамбл на велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, и гостите Благоја Чоревски, Ирена Ристиќ и Зоран Љутков, како и две  млади нови имиња Влатко Толевски и Талија  Настова.

Се чувствувам празнично од повеќе причини.  Интимно што седам меѓу двајца мои ученици,  авторот Димитров и директорот Витанов. Второ што годинава славам 55 години работа, по што најверојатно сум рекордер на Балканот по работен стаж. Тоа се длабоки моменти на исполнетост.  Ме први среќен и тоа што годинава во Македонија се отворија две театарски згради, што е  општествено мошне важна работа. Сето тоа ме први возбуден и да имам трема. Во овој театар луѓето ќе бидат третирани како што заслужуваат – рече режисерот Георгиевски. 

Костимографијата на претставата  е на Мери Георгиевска, сценографијата на Валентин Светозарев а избор на  музика на Миодраг Нечак. Неофицијалниот ден за премиерата е 8-ми декември, доколку во овој месец и половина, екипата успее ја да подготви. 

Ова е моја трета соработка со велешкиот театар. Тоа што го напишав, треба сега креаторите на претставата  да  го зборуваат и одглумат.  Овој театар има гурмански апетит за правење претстави, што ме прави среќен за нашата соработка – изјави Димитров.

Од велешкиот театар  најавија  можност завршувањето на работата во старата зграда, каде повеќе не се одржуваат претстави,симболично да се изврши селењето  со одигрување на претстава од Димитров,, Ноќите во бел сатен,,  и одигрувањето на премиерата  во новата зграда, ,Најважната работа на светот,,работена по негов текст.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати