,,Арт ин Велес“ собра музички ѕвезди од Балканот

Петар Печков

Во Велес изминатиот викенд се одржа  Меѓународниот  натпревар ,,Арт ин Велес“  по класична музика и аматерски театари , кој собра околу 270 музичари, професионалци, студени и учесници не само од Македонија, туку и од Србија, Хрватска, Бугарија, Шпанија, БиХ, Литванија, Кина, Унгарија  како и театарски аматерски групи од земјава- за деца и  младинци.  

Манифестацијата е во организација на ,,Арт ин.орг,,  од Кавадрци,   и  е  со натпреварувачки карактер, формирана со цел да се развива културниот и образовниот живот,  преку соработка и дружење на деца и возрасни музичари - уметници од целиот свет. Дел од организацијата беше и  м-р Илија Настовски – концертен изведувач - пијанист, чембалист и  наставник по пијано во ООМУ„Стефан Гајдов“- Велес.

Учесниците се натпреваруваа во повеќе категории на музички инструменти: пијано, виолина, хармоника, кларинет, саксофон,  дуо пијано, дуо хармоника, традиционален состав на народни инструменти...

Учесниците се делат во категории по возраст, најмладиот  имал  4,5 години  пијано од Литванија, највозрасниот 53 години.

Така меѓу учесниците била Балканската музичка ѕвезда Барбара Вјехо која дипломирала на Чајковски академијата во Москва,   Давор Топиќ перкусионист од Загреб. Од велешани на манифестација со  највисоки признанија заминале  по оперско пеење Вероника Караколева  која  освоила најмногу 100 бода со нејзиното пеење и сценскиот настап го освоила жирито  и доби Специјална награда, Андреј Николовски настапил на виолончело, кој отсвирел маестрално и освоил Специјална награда со 100 бода, Тоше Темелков прва награда за пијанист.  

Или многу звучни имиња, донесоа многу    одлична музика и настапи, учесници на повеќе музички натпревари од Европски ранг.

Така гости од Хрватска  на настанот имале концерт со 45 минутен настап со филмска музика, која ја  воодушевиле публика во салата.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати