„Антички правни споменици“ книга од Димитар Апасиев

Петар Печков

„Новите писатели секогаш веруваат дека или нешто посигурно ќе изнесат за настаните, или дека ќе ја надминат суровата антика со вештината на своето пишување... А јас, пак, дури ја повторувам во мислите сета оваа старина, немам никаква грижа оти таа не може писателот да го одврати од вистината, туку може само духот негов да го разбранува...“  - Titus Livius

„Антички правни споменици – хрестоматија“ е нова книга од Димитар Апасиев, доцент на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, чиј научен интерес првенствено се правната романистика и правно-историските, правно-философските и јавно-правните науки, како и други сродни јуристички дисциплини.

Оваа хрестоматија ја мислам уште од времето кога бев бруцош на правни студии. Тогаш имав сериозен проблем да ги пронајдам древните правни текстови на исчезнатите големи цивилизации и се заветив дека ако некогаш станам универзитетски професор, ќе направам збирка со текстови на старовековните законици. Затоа книгава првенствено е наменета за студентите од прва година на правните факултети во Македонија. Таа е плод на мојата научноистражувачка и наставно-педагошка работа за време на вежбите и предавањата по предметот Историја на правото, кои во последниве пет учебни години ги држев на Правниот факултет при УГД – Штип -  истакнува Апасиев.

Монографијата, додава Апасиев, всушност, има за цел да ја пополни празнината која во македонски прилики постои при систематското изложување на оваа древна материја и на студентите почетници да им овозможи полесен пристап до најстарите пишани правни текстови кои ги познава човештвото и кои, соодветно и хронолошки, се собрани на едно место, при што се групирани, преведени и стручно коментирани.

Структуролошки, овој практикум ги содржи најпознатите правни законици од антиката – почнувајќи од Хамурабиевиот, преку Хетитскиот и дел од Мојсеевите закони, па завршувајќи со старохеленскиот Гортински законик од островот Крит.

Во перспектива, за секоја обработена глава, авторот планира да изготви и засебен научен труд, кој би претставувал една тематска целина со оригиналниот текст со што наредното изменето и дополнето издание би резултирало со поголема скрипта или воведен учебник, кој постудиозно ќе ги обработува околностите и контекстот во кои настанале и важеле античките правни споменици од древното кинеско, индиско, египетско, вавилонско, хетитско, еврејско, феникиско, хеленско, македонско и римско правно наследство.

Искрено се надевам дека ваквиот синтетизиран и компаративен приказ на обичајноправните кодификации, кои се појавувале низ милениумската политичкоправна историја, на студентите по право ќе им даде доволен увид во најстарите зачувани извори на правото, врз кои се темели и современата светска и европска цивилизација, а на подобрите од нив ќе им послужи за понатамошни попродлабочени истражувања на оваа изворна и мошне значајна правноисториска материја -додава  Апасиев.

текстот  е преземен од  http://www.akademik.mk

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com