Штетата од поплавите во велешко 3,36 милиони денари, во Градско 17,38 милиони

Петар Печков

Штетата која ја предизвикаа поплавите од крајот на јануари и почетокот на февруари годинава  во велешко е околу 21 милион денари.  

Најмногу настрадаа земјоделците во општина Градско, каде надојдените реки Вардар и Брегалница поплавија повеќе стотина хектари.   22 лица поднеле барање за штети од поплавата и проценка на надлежната комисија е дека има штета од 17,38 милиони денари  Во Градско и селата Уланци, Ногаевци поплавени се површини со рано градинарски производи домет и  пипер, со житарици, овошни насади - праски и круши, лицерка, марула, спанаќ, морков, зелка и роквица.

Во Општина Велес проценка на штетата е 3,36 милиони денари, од кои 2,33 се  во земјоделието а 1.03 милиони  се  за оштетени домови.  Вкупно има примено 38 пријави, од кои 16 се за земјоделие, 18 за станбени објекти и 4 се комбинирани. Оштетените  семејства се од Велес, Башино село, Иванковци, Горно Оризари, Ораовец.  

Во велешко од земјоделието настрада расадот за пипер и домат, младиот кромид, младиот лук, марула, зелка, морков, праз, спанаќ, луцерка, грашок, насади со лешник и ореви како и површини засадени со афион.Во велешко има угинати од водата и 20 кокошки.

И во двете општини има голема обработлива површина која е однесена од надојдената вода.  Поплавите се случија во периодот 27-31 јануари и 7-10 февруари. Прoценки од поплавата на ректа Тополка во населбата Превалец се дека има   штета од 54 илјади денари.

Владата најави 100 отсто обесштетување на оштетените од годинашните поплави. Досега за ниту една поплава од 2007-ма година до последната во 2013-та   оштетените и покрај најавите на добија  ниту денар обесштетување.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати