Шопов нов претседател на Основен суд Велес

Петар Печков

 Александар Шопов е новиот претседател на Основен  суд Велес. Ова е одлука на Судскиот совет, донесена не неговата денешна седница, на која се избирале и други претседатели по Основните судови во земјава.

Според претставник на Судскиот совет, Шопов имал најмногу поени во однос  на  другите кандидати,  што е во согласност со начинот на избор на оваа функција.  

Судијата Шопов (35 год) досега постапуваше  по трговски, стечајни, ликвидациони предмети а судија во Основен суд Велес е од 25 март 2010 година.  

Тој доаѓа на упразнетото место претседател, по пензионирањето на Јордан Лазаров пред една година  досега функцијата в.д претседател ја вршеше судијката Валентина Петровска.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати