Четири дена се чистеше брегот на Битолска пруга од смет

Петар Печков

Иако два пати во текот на година се чисти брегот на Битолска пруга, тој и натаму е ѓубриште за некои сограѓани. Така и пролетва вработените од ЈКП Дервен во повеќедневна вонредна акција, го чистеа просторот од надвозникот кај Маслодајна до комплекс УЗУС.  За жал и натаму истата слика, смет кој наместо во контејнерите завршува на јавни површини. Имало и случаи на габаритен отпад кој го нашле комуналците а бил фрлен од несовесни сограѓани. 

Чистењето на брегот на битолска пруга траеше четири дена, од среда - 06.03.2019 до сабота - 09.03.2019 и беа собрани 20м3 отпад -информираа од ЈКП Дервен. Тие и натаму апелираат на совеста на дел од жителите на градот, кои отпадот наместо во контејнерите го фрлаат на отворено. 

Така беше си со неодамнешната акција на чистење на бреговите на реката Вардар помеѓу мостот Гемиџии и Стар мост, кога беше собран и градежен шут.  Денес пак комуналците го чистеа брегот на река Вардар во Градски парк, при што биле собрани 18 м3 смет.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати