Четворица ново заразени, тројца оздравени денес во велешко

Петар Печков

Министерството за здравство објави дека денес, понеделник, има четири  ново заразени лица со ковид-19, а тројца се оздравени. Активни случи во велешко има  99 пациенти.  

Дел од ново заразените посочуваат дека  ковид-19 добиле на работно место. Има уште еден случај во ЈКП Дервен, има повеќе лица од таму во изолација. Тројцата оздравени се сите од домашно лекување - информираа од Центарот за јавно здравје Велес.

Досега во  велешко има 432 лица заразени со корона вирус, 316 оздравеле а 17 се починати.  Од активните случаи 78 се дома, 16 се на Инфективно одделение од велешка болница и по две лица се на Инфективна клиника во Скопје и Клиниката на Жан Митев.  

На Инфективното одделение хоспитализирани се 37 пациенти, 31 се потврдено позитивни, шест сомнителни, 15 се на кислородна поддршка. Пациентите се -22 од Велес, осум од Свети Николе, Градско четири, двајца од Кавадарци и еден од Демир Капија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати