Четворица млади кајакари од Велес учествуваа на СП во кајка на диви води

Петар Печков

Младите македонски кајак репрезентативци учеството на Светското првенство на диви  води, го  завршија првиот ден.  На првенството за јуниори  до 18 години и до 23 години настапија четворица  учесници од Македонија, сите велешани.  

Александар Златаров беше единствениот во  категоријата до 23 години. Тој во К-1 слалом  во првата трка беше 76-ти од 79 натпреварувачи а втора трка 36-ти од 48 учесника а  возеа без 30-те најдобри.

Кај јуниорите  до 18 год настапија тројца велешани како членови на репрезентацијата на  Македонија.   Енис Небиоски во К-1 слалом во  првата трка беше   78   од   80 учесници а   во втората  26    од 50-те, без 30 најдобри,   Виктор Миланов  во првото возење беше   49  додека во второто  30, додека Христијан Игнатов  првата трка имаше време за  пласман на  74 место а во втората беше    46-ти.   

Во јуниорска екипна конкуренција  репрезентација на Македонија во К-1 слалом во состав Небиоски, Игнатов, Миланов го зазеде 14-тото место од 19 репрезентации.  

Првенството се одржа  на  патеката во Братислава Словачка. Некои од овие репрезентативци може да учествуваат и  на Европското првенство во кајак на диви води, кое ќе се одржи на крајот од август во  Хохенлинбург  Австрија. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати