Црн биланс на патиштата во велешко во јули, шестмина загинати

Петар Печков

Црн е  билансот на сообраќајните несреќи кои во средината на летото се случија на територијата на СВР Велес. Тоа е делницата од тунелите кај Катланово до тунелот кај Демир Капија.  Статистиката на велешката  полиција покажува дека за првите шест месеци од годинава јануари- јуни  во сообраќајки трагично живото го загубиле четири лица, додека само во јули, за еден месец бројката е шестмина. Ако првата половина годинава има помалку настрадани отколку истиот период во 2015-та, за само  еден месец  бројката е  загрижувачка. 

Алармантна е бројката на загинати на подрачјето на СВР Велес за еден месец, кога има шест смртни случаи. Тоа е повеќе отколку за првото полугодие кога имаме четири жртви по патиштата каде сообраќајот е во надлежност на СВР Велес.   За истиот  период, првите шест месеци лани на територијата на СВР Велес имаме пет жртви во сообраќајни несреќи.  Споредбено со лани на велешката територија во првото полугодие, се случени помалку сообраќајки – изјави Анита Стојковска портпарол на СВР Велес.  

Бројките  покажуваат дека во првата половина од 2016 година , јануари- јуни, на подрачјето на СВР  Велес регистрирани се вкупно 315 сообраќајни несреќи. Истиот период изминатата 2015 година регистрирани се вкупно 323 сообраќајни несреќи. Од вкупниот број регистрирани сообраќајни несреќи во 2016 година, 54 се случени на автопатот и магистралниот пат А1, додека 261 сообраќајна несреќа се случени на останатите регионални и локални патишта на подрачјето.

Во текот на месец јули годинава, на подрачјето СВР  Велес дури шест лица го загубиле животот како последица на сообраќајна несреќа. Две лица се починати во сообраќајни несреќи случени на автопат А1 Велес - Демир Капија и А1 правец Велес- Скопје, три сообраќајни несреќи се случени на регионален пат -крстосница село Мамутчево, Кавадарци- мотел Дреново во близина на село Возарци и една сообраќајна несреќа на регионалниот пат Велес- езеро Младост а една сообраќајна несреќа во која едно лице починало е случена на некатегоризиран пат  Неготино - Демир Капија, кога с автомобил удри во воз.

Од СВР Велес додаваат дека во оваа бројка не се броени случаите на превртување со трактор, бидејќи тие се случуваат на ораници и  се водат како несреќен случај. Од велешката полиција со апел до учесниците во сообраќајот.    

Потребно е  возачите да ја почитуваат поставената сигнализација, да се придржуваат кон ограничувањата во однос на брзина на движење со автомобилот, да користат почести одмори особено доколку патуваат на подолги релации – додава Стојковска.

СВР Велес го покрива и подрачјето на ПС Неготино и Кавадарци. Во црниот биланс не се внесени трагичните сообраќајки кои се случија во јули на делница од автопатот Скопје – Гевгелија.  По тунелот кај Катланово  беше пронајден автомобил со  починат возач кој се бареше неколку дена дека е исчезнат.  Кај Валандовска клучка еден починат во судир на камион и југо 128,  кај Удово во сообраќајка починати сопружници од Скопје. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати