Црковниот хор Св. Пантелејмон настапи во Романија (фото)

Петар Печков

Во периодот од 14 до 18 Септември камерниот црковен хор „Св. Пантелејмон“ од Велес беше на  поклоничко патување во Романија. Поводот за ова патување беше големиот јубилеј на Светата Македонска Православна Црква- Охридска Архиепископија , духовно нахранување и надградување на вредните членови на овој хор, како и фактот дека ова доаѓа како еден вид награда за нивното досегашно залагање и нивните домашни и меѓународни успеси.

При патувањето биле посетени  градовите Букурешт и Јаши и дел од тамошните православни храмови.  Во некои од нив хорот има и настап.  

Прва дестинација за посета бил  главниот град на Романија- Букурешт, каде што хористите, придружувани од протоереј Борислав Бобевски - парох од Велес, посетиле  повеќе духовни светилишта и се поклониле  на моштите и реликвиите на повеќе  големи христијански светители.

Прва посета била на црквата посветена на Светиот Василиј Велики, каде што е изложен за поклонение Чесниот Крст Господов, како и мошти од повеќе други светители, меѓу нив и  моштите на светиот Нектариј Егински.

Посетена била  и црквата Бисерка, посветена на Светиот Георгиј-Нови, каде се наоѓа дел од чесната десница на Светиот Николај Мириликиски. Во оваа црква хорот  учествувал  во Молебниот кој што се служел во тој храм.

При  посетата на Патријаршискиот храм, кој се истакнува со својата  убавина хористите се поклонија пред моштите на светите цареви Константин и Елена.

Патот на духовното поклонение ги донел пред  синодалната црква, каде што се направени  метанија  пред моштите на светите четириесет Севастијски  маченици-Младенци. Овој храм исто така се одликува со посебна убавина преточена во мозаички изведби.

Следниот ден п хористите од Св. Пантелејмон  при   посетата на градот Јаши,  биле  во црквата на Светите Три Светители (Ерарси) во центарот на градот- каде што се наоѓа нетлееното тело на оваа голема светителка Преподобната. Во оваа пригода  ангелските гласови на  хористите, предводени од професорката Славица Ставрева, биле  дел од заедничкото славење и пееле  со тамошниот хор.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати