Футсал екипата на второлигашот Гемиџии се пласира во полуфиналето на Купот

Петар Печков

Со убедливи 9:2 футсал екипата на Гемиџии   го победи скопски Железарец во четвртфиналето од Купот. Со оваа победа велешкиот второлигаш се најде   на чекор од финалето, во полуфиналната завршница. Иако прволигаш, противникот беше торпедиран и со висока победа велешани одат натаму. Средбата се одига во салтаа Гемиџии.

Како и лани, така и годинава, одбојкарите на ГОК Борец загубија  во првата фаза од Купот, четврфиналето. Повторно од истиот противник а не освоија ниту сет. И во реванш средбата поразени со  од студентите на Универзитет Гоце Делчев од Штип  со 3:0 (21, 22,19). Ако е  за утеха собраа повеќе поени отколку во првиот натпревар тогаш 46, вчеравечер 62. И оваа средба како и првата, сега и реваншот  се играа во Штип, иако требаше во Велес. 

Со 14-тото коло, продолжија натпреварите од Третата лига Центар. Велешките екипи забележаа победа, пораз и реми.  ФК Превалец кој беше шести го победи четврто пласираниот тим на Росоман  со  2:0. Во дербито на дното, претпоследно пласираната екипа на Илинден  одигра  реми 2:2 со последниот Габер. Бабуна од Мартолци, која беше втора загуби во Обршани со 2:1 од   третопласираниот Партизан. По ова прво пролетно коло Бабуна падна на 3-то место, Превалец   се искачи на петто а башиноселци останаа на 13-то место. Во следото коло сериозно искушение за ФК Превалец, гостува на лидерот Вардар во Неготино, кој ги порази  е минатата есен како гостин.  Илинден во Башинои село го пречеквуа нарпдок  од Крушеане  кој има исто така скромен учинок и  е 11 од 14 екипи а  Бабуна повторно гостува во Житоше Прилепско, на Братство која е 9-та со 18 бода. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати