Футсал екипата на Велес повторно лидер, со шанси за титула

Петар Печков

Започна пролетниот дел од првенството на Првата женска фудбалска  лига. Велешанки дома, на  Градски со победа ја започна  сезоната. Го совладаа соседот на  табелата Истатов од Струмица  со 4:1 и се искачија на третото место. Во  следното коло   ЖФК Борец гостува во Битола на  екипата на  Атлетико, која е  шестта. 

Со победа футсал екипата на  Велес се  врати на  лидерската позиција. Во Штип славеа против Мал Ајакс  тесно со 3:4 и бидејќи лидерот Шкупи беше слободен Велес е повторно прв со 43   бода а скопјани имаат 42. Со ова 18 коло   заврши првиот дел од првенството. Се играат уште девет кола по Бергеров систем, и ако продолжат со вакви игри, во последното  коло во Велес, кога ќе ја пречекаат екипата на   Шкупи  ќе се решава прашањето за шампионот.   

Во Втората лига Исток  се одигра дербито меѓу првиот и вториот, Беласица  и Борец. Домаќините со головите  на Здравков  и Ташев, во првите 45 минути го решија  натпреварот. А со тоа Беласица го отпиша  Борец од борбата за првото место, струмичани имаат 36. Останува велешани да се борат за второто место, кое  преку  бараж води за Прва лига.  Но тука имат силна конкуренција од Брегалнциа која има 31 бод  и е  втора а Кожуф е четврти со   26 бода но  и двете екипи со  натпревар помалку  од Борец кој е трет со 29 бода. Во следното коло на Градски гостува Осогово од Кочани кој е осми   од девет екипи,  со само 11 бода. Во Штип се игра дербито на колото, вториот и  првиот Брегалница и Беласица.    

Ракометарите на ГРК Борец се поразени дома од екипата на  Радовиш со 33:36 (15:17). Велешките ракометари имале водство  до  финишот   од првото полувреме,  до 25-тата минута  од 14:13, за потоа гостите со серија од 1:4 заминат на одмор со предност. Истата ја задржуваат во вторите  30 минути  со предност и  од шест гола  26:32.  Најефикасен  кај Борец беше Стојановски со 8, Ивица Лазаревски со 6 а еден  гол постигна и голманот Кире Димовски.  Радовишани кој  се петти на табелата со  23 бодови, допатуваа со 11 ракометари а  најмногу голови  постигна велешанецот Ивица Илиев дури 14. Во следното 17 коло важен натпревар за Борец, кои гостуваат на втората екипа на  Металург во Скопје, која е едно место пониско пласирана и има  7  бода а Борец има 10. Бодовите од оваа фаза натпревари се пренесуваат  во плеј аут лигата.   

Во велешко радовишката спортска пресметка, победа забележаа кошаркарите на Борец Баскет. Тие  во 13-тото коло го победија тимот на Плачковица, во салата Гемиџии со 68:62. Гостите се втори на табелата и се борат за првак и пласман во повисоко друштво. Борец баскет со  оваа победа  останува шести со 20 бода. Следното коло гостуваат во Скопја на  Феникс 2010, кој има само три   победи досега. 

Екипата на Гемиџии во Втората лига, (не)очекувано загуби дома од тетовска Шкендија со 5:8. Во следното играат со четвртопласираниот Уни -паб во Кочани.    

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати