Фудбалерките на Борец на крајот четврти во Прва лига

Петар Печков

Во последното коло од Прата лига за жени, фудбалерките на Борец во Струга со 2:1, ја совладаа претпоследно пласираната екипа на АС Јунајтед.    Така по 16 кола велешанки  се пласираа на четврто место до 10 екипи, освојувајќи  22 бода со 6 победи и 4 нерешени.

Неодамна претседателот на клубот  Драган Димевски, пред велешките советници  најави дека летово во клубот доаѓа моќен финансиски спонзор, со кој во наредната сезона ќе атакуваат на двојна круна , првенство и куп.

Екипата на ФП Превалец не успеа да влезе во Втора лига Исток. Тие во неделата попладне играа бараж со Саса од Македонска каменица, во Кочани.  Загубија со  4:1, полувреме 1:1.  ФК Превалец имал и статива за отворање на резултатот,  но повеле фудбалерите од Каменица а со голот од слободен удар на  Тодорвски превалчани израмнија. Во второто полувреме, како и   во саботата, Реал против Јувентус, така и Саса постигна три гола и влегува  во повисок ранг натпревари, каде е Борец.

Неделата попладне требаше да се одигра куп средба помеѓу ФК Борец 1919 и Партизан од прилепско Обршани.  Гостите не  допатуваа  на Градски, па велешани одат натаму во Куп натпреварите.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати