Фудбалерите на Пелистер јаделе сезонска свежа салата полна со бактерии од фекалии

Петар Печков

Сезонската свежа салата која ја јаделе фудбалерите на ФК Пелистер била причина што кај дел од нив, 12-мина  има знаци на труење. Ова го покажале резулатите од испитувањето на храната, спроведено од Центарот за Јавно здравје Велес, а која ја конзумирале  28-те члена од  експедиција на ФК Пелистер, која ручала на пропатување.   

Со извршените лабораториски испитувања, утврдено е дека кај земените мостри храна, салати од морков, зелка и цвекло,  има присуство на  бактерии од фекално потекло - индикатор на фекална контаминација. Испитаните мостри согласно извршените лабораториски испитувања одговараат на микробиолошките критериуми за безбедност на храната, но не и на хигиената на производствениот процес- пишува во информацијата на  Агенцијата за храна и ветеринарство.

Кај овие зеленчуци била пронајдена Enterococus fekalis, или  истите не биле доволно измиени оти при нивното одгледување е користена загадена вода со фекалии. Со идентична информација се јавија и од Државниот санитарен и здравствен испекторат.

Резултатите на Центарот за Јавно здравје Велес потврдија присуство на бактерија во еден вид салата. На брисевите од неколку вработени, потврдено е присуство на патогени бактерии. Стручно мислење на ЦЈЗ Велес потврдува труење со храна. ДСЗИ постапи по протокол, кој се применува во ваков случај кујната од објектот е  затворена на самиот ден на вонредниот инспекциски надзор -  пишува во информацијата од д-р Ирина Сотирова Бухова директор на ДСЗИ.

Кај останатите земени мостри од храната која ја конзумирале фудбалерите на ФК Пелистер од Битола,  кечап, шпагети, лепче, пилешки стек и бистра супа,  анализите не  констатирале  отстапувања на безбедносните и хигиенските критериуми за храна.

Со лабораторските испитувања на земените брисеви од работните површини, приборот и опремата која се користела во кујната, не се констатирани отстапувања, што укажува на задоволително ниво на хигиена.

По извршениот  вонреден санитарно - хигиенски преглед кај 34 лица вработени во кујната и келнери во хотелот, сите со уредни санитарни книшки при вонредната инспекциска контрола, кај 7 се изолирани бактерии во нос и грло.  Инспекциите наредиле  тие веднаш да бидат отстранети од работа и да почнат со лекување.

Извршена е вонредна дезинфекција на кујната, и таа ќе биде пуштена во употреба по добивање на задоволителен лабораториски наод. Во саботата поради симптоми на труење со храна во инфективното одделение на Општата Болница Велес  беа хоспитализирани 12 лица, фудбалери на ФК Пелистер од Битола. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати