Фудбалерите на Борец го добија дербито во Штип, под рефлектори

Петар Печков

Силовит старт на фудбалерите на ФК Борец 1919 во Втората лига Исток. Во саботата во дербито на двете првопласирани екипи, велешани славеа во Штип против  Брегалница со 0:2. Головите ги постигнаа во 7. минута Ѓорѓи Ѓорѓиев, а Симеон Христов од пенал во 28. минута ги постави конечните 0-2.  Натпреварот се играше под рефлектори. Така по четири коло велешани се сами на врвот со максимални 12 бода и без примен гол а осум постигнати. Во сабота на Градски Борец го прекачува тимот на Кожуф од Гевгелија кој е четврти со осум бодови и без пораз, со по две победи и две реми.  

Започнаа натпреварите во Супер лигата, велешки Борец загуби дома од новакот Струга со 24:29 (9:15). ГРК Борец настапува со младински состав, по избор на ракометарите за да не оди во Прва лига а поради  тенкиот клупски буџет. Стружани поведуваат со 3:9 во 10 минута кое водство го здржуваат до крајот на средбата. Најефикасен во редовите на домаќинот бил  Минов со 8 и Николиќ со пет гола. Во следното коло гостуваат на екипата на Прилеп 2010 која исто така забележа пораз на стартот.

Се одигра четвртото коло од Првата фудбалска лига жени. Подмладената екипа на ЖФК Борец, за која настапуваат девојчиња до 14 години, откако сите заминаа во шампионскиот тим на  Драгон, загуби со 8:0 во Струга од ЖАС Јунајтед .Со четири убедливи порази досега велешанки се последни на табелата во лигата која брои  14 екипи. Во следното коло на Градски викендот, ја пречекува шесто пласираната екипа на ФК Тиверија од Струмица.

Започнаа натпреварите од Првата футсал лига. Шампионот КМФ Велес на стартот е поразен од големиот ривал КМФ Шкупи во Скопје со 8:5 . Вториот прволигаш КМФ Гемиџии 1903  на домашен терен славеше со 9:4 против екипата на КМФ Кратово.  Во второто коло шампионот КМФ Велес повторно гостува, овој пат во Кавадарци на екипата на Црна Река која во првото коло славеше на гости кај Железарец.  Гостува и КМФ Гемиџии 1903 во Скопје на КМФ Железарец. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати