Фрлени 4,5 тони храна за дивечот во велешко (фото)

Петар Печков

Поради снегот и ниските температури, ловџиите од Ловното друштво ,,Руен,, од Велес излегоа на терен и вршеа прехрана на  дивечот. 

Изминатите 10 дена фрлена е храна во количество од 4,5 тони. И тоа 2,5 тони  кршок од пченка, пченица и јачмен за прехрана на ситниот  дивеч во седум ловишта.

Два тони кабаста храна е фрлена за крупен дивеч - диви свињи, срни и елени на четири ловишта.    Од неа 1,2 тони е енергетска а 800 кг е сочна храна. 

ЛД Руен е концесионер на ловиштето во Општина Велес и тој има законска должност да се грижи за прехрана на дивечот во зимски услови. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати