Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, од 19-ти јули

Петар Печков

Годинашниот Фестивал на античка драма ,,Стоби,, ќе започне на 19-ти јули, најави градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски. Што се однесува до програмата и содржините за тоа ќе зборуваат на наменска прес конференција. Чекаат дозвола фестивалот да се одржи во  античкиот театар на локалитетот Стоби.

Во петокот заедно со организациониот одбор и вработени од повеќе сектори од локалната власт бевме да го посетиме локалитетот.  Согласност од раководството на локалитетот имаме, но писмено се обративме до Националниот конзерваториски центар - рече Коцевски.  

Претходно тој најави дека во текот на Фестивалот годинава ќе плови и Вардарската регата. Неофицијално на фестивалот ќе учествуваат пет претстави, од кои четири се во натпреварувачка  конкуренција  а ќе има и две во придружна програма.    

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати