ФФМ со казни заради нерегуларности на женски фудбалски натпревар одигран во Велес

Петар Печков

Дисциплинската комисија   на  ФФМ изрече повеќе казни за нерегуларности, кои се случија на  женскиот фудбалски натпревар одигран лани, во октомви на Градски во Велес. Казните се за гостинската екипа и  управа, на екипата на Атлетико од Битола.  

Казни добија  Никола Петковски претставник  на ЖФК Атлетико на  спорниот натпревар   и Никола  Гелевски - претседател на ЖФК Атлетико, кои се суспендирани од фудбалот на две години. Покрај суспезнијата, добија и парична  казна од 500 евра.

Казнет е и клубот  ЖФК Атлетико, со  одземање на девет бода од тековната сезона и парична казна од 1.500 евра.

Натпреварот кој се одигра во рамките на 2-то коло од Лрвата женска фудбалска лига,  ЖФК Ателтико гостуваше на велешки Борец кој победи со  6-2 (3-2).   За натпреварот имало  сомнителни уплати  во обложувалници на Далечниот Исток.  ФФМ донесе заклучок дека постоеле нерегуларности.

Во одлуката за казна на Дисциплинскта комисија пишува:  На ден 13.09.2017 год во рамките на второ коло на Првата женска лига одигран е натпреварот ЖФК Борец-ЖФК Атлетико. Пред почеток на наmреварот во соблекувалнаrа на ЖФК Атлетико влегол претсrавникот на клубот Петковски Никола. Истиот им се обратил на фудбалерките давајќи им насоки за текот и исходот на натреварот нагласувајќи дека натпреварот мора да се одигра. Фудбалерките по напуштање на соблекувалната вознемирени од настанатата состојба за извршеното наговарање за недозволено влијание на текот и исходот на натреварот го информирале Гелевски Никола, претседател на клубот кој на самиот наmревар присуствувал како службено лице на клубот односно кондиционен тренер. Натпреварот почнал во закажаниот термин.

Комисијата врз основа на фактичката состојба утврдена од расположливите материјали и изјавите на дел од фудбалерите дадени во постапката на записник уrврди дека раководството на ЖФК Атлетико учествувало во нереrуларност на начин што е сторен прекршок од член 73 од ДП на ФФМ, па така и покрај сознанието за извршено наговарање и направен притисок врз фудбалерките на ЖФК Атлетико не превземал никаква акrивност во насока на спречување ниту за недозволеното влијание ги информирал службените лица на наmреварот ниту органот кој го води натпреварувањето.

За овој  натпревар има истрага и во ОЈО Велес. Од таму на поставеното прашање одговорија дека ,, е оформен предмет и по него се преземаат соодветни дејствија во поглед на јавнообвинителска обработка на предметот,,.

фото:архива

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати