ФК Локомотива од Градско, со убедлив старт на пролетниот дел од првенството на Трета лига Југ

Петар Печков

ФК Локомотива од Градско силовито го започна вториот дел од првенството на Третата лига Југ. Лидерот во оваа конкуренција победи со 5:1 против ФК Младост 1930  од Кривогаштани, кој е десетто пласиран. Со ова победа Локомотива останува на врвот, со ист број бодови како и ФК Ново Црнилиште, но со подбра гол разлика. ФК Илинден од Башино село, дома загуби од ФК Големо Коњари во дербито на дното. Можноста домаќините со победа да го избегнат претпоследното  15-то место, не ја реализираа, загубија од соседот, кој сега има 10 бода а ФК Илинден остана на 5.  ФК Превалец ова коло требаше да игра со ФК Габер, но екипата се откажа од натпе4варувањето во Тетата лига.

Во следното коло ФК Локомотива гостува на ФК Динамо во прилепско Мажучиште, кој е 12-ти со 12 бода. ФК Превалец игра дома со ФК Питу Гули од Крушево, кој е 13-ти со 11 бодови. ФК Илинден БС гостува во прилепско Жиоше на ФК Братство кој е  шесто пласиран со 21 бод.

Натпреварите од Третата лига Исток, каде се натпреварува ФК Работник од Лозово со пролетниот дел започнуваат на 14-ти март.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати