ФК Борец 1919 со бод се враќа од Струмица, но и натаму е последен на табелата

Петар Печков

Градски стадион ,,Младост,, Струмица

судија:  Стојчевски Скопје 

ФК Академија Пандев: Чубраковиќ, Цикарски, Димов (ж), Дориев, Гранчов, Јованов, Миловановиќ, Пандев, Стоилов, Стојкоски, Темелков  играа и Мујеци, Велиновски, Најденов 

ФК Борец 1919: Мустафа, Десниќ, Гавриќ (ж), Коцев, Прелчец, Радовиќ (ж), Ристевски (ж), Силва, Стоименовски (ж), Стојковски (ж), Трајановски   играа и -Лазаревиќ, Николовски, Анастасов 

Домаќинот не успеа во 90-те минути да ја пробие цврстата одбрана на велешани, и натпреварот од  21-то коло заврши без голови и без победник. Ако немаше голови, за гостите имаше дури пет жолти картони. 

По ова коло ФК Борец останува последен со 21 бод,  еден помалку од 9-тиот Работнички. Откако претходното коло во Велес гостуваше лидерот ФК Вардар, во следното коло, на домашен терен, гостува второпласираната екипата на табелата тетовска  ФК Шкендија. 

По нерешениот резултат дома и по двата претходни порази пролетва,  тренерот на домаќинот ФК Академија Пандев  Југослав Тренчов си поднесе оставка од морални причини. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати